Ковид19 Македонија

Заменик-министерот Буши сега со маска и казнет, ама Спасовски не му даде збор – за Груби уште 500 евра казна

Со црна маска, правилно и со минимално олеснет џеб – заменик министерот за внатрешни работи се појави пред медиумите додека МВР примаше донација од мотори за сообраќајци кои ќе изрекуваат поголеми казни отколку што доби заменикот Буши. Иако му беше понудена можност да одговори зошто учествуваше во масовно прекршување на закон при славењето роденден на партискиот шеф во зградата на Министерството за политички систем и зошто не пријавил, не доби можност да се произнесе.

Новинарско прашање: Може ако сакате Вие да одговорите или ако сака заменик министерот?

Спасовски: Не нема тој да одговори. Затоа што е казнет. И сега носи маска. Да не беше казнет, можеби повторно немаше да носи маска.

Спасовски за роденденската прослава на Ахмети спомна и кривични пријави.

И покрај ваквите зборови на Спасовски од обвинителството не известија дека до кај нив нема никаква кривична пријава ниту од МВР ниту од инспекторатот.

Доколку биде поднесена кривична пријава, Јавното обвинителство ќе ги анализира протоколите за превенција со цел да утврди дали во конкретниот случај биле прекршени, како и доставените извештаи од наведените органи за да оцени дали е сторено кривично дело.

Инспекторатот за труд го завршил надзорот и утврдил дека министерот Груби го прекршил законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски. Инспекторите веќе му го врачиле прекршочниот платен налог од 500 евра, а за институцијата согласно законот за прекршоци нема глоба. Вицепремиерот Груби казната треба да ја плати за 8 дена, а досега ја плати помалата од дваесет евра за неносење маска издадена од МВР како што добија и сите останати на фотографијата.

Засега единствено се молчи за политичката одговорност на носителите на јавни функции и покрај барања за министерски оставки како што во европските држави поднесуваа функционерите што не ги почитуваа мерките и го загрозуваа здравјето.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе