Вести Македонија

Хаос во тетовската болница – роднини на пациенти со Ковид во улога на болничари

Кога е во прашање животот на својот близок, роднините се подготвени да му помогнат на секаков начин. И покрај тоа што знаат дека болеста ковид 19 е заразна, сепак, ризикуваат и бараат дозвола да бидат во ковид центрите покрај пациентот за да му се најдат во секој момент. Состојбата со пандемијата е критична, капацитети се полнат, а целиот товар е на медицинските работници, кои и така се уморни и во редуциран број, со оглед на тоа дека и тие не се имуни на болеста.

Семејство од Тетово, чиј член е хоспитализиран во болница сведочи дека се подготвени на ваков чекор за да помогнат.

„Како роднини на пациенти заболени од ковид 19 побаравме и добивме дозвола да му помагаме на болничкиот персонал во грижата за болните. Престојуваме во болничката соба заштитени со маски и скафандери. Како роднини, се менуваме, па еден дежура ноќе, друг дење. Во собата се сместени петмина пациенти, па некогаш се случува крај нивните кревети да дежураат петмина роднини. Имаме разбирање дека персоналот не може да постигне да им пружи соодветна грижа на сите“. велат роднините.

 Од Клиничката болница велат дека роднини влегувале во собите на болните да им донесат лекови или на посета, но притоа се преземале сите мерки за заштита. Тоа било на нивно барање, а не поради недостаток на персонал, но сепак потенцираат дека не е препорачливо.

 „На инсистирање на роднините може да се влезе во собите, меѓутоа тие задолжително облекуваат скафандери, маска и друга заштита опрема. Влегуваат за да им донесат лекови или за да го видат болниот, но тие се задржуваат кратко, бидејќи постои ризик и за нив и не е препорачливо. Значи тоа е на нивно барање, а не поради тоа што нема доволно кадар“.

Инаку во тетовската болница моментално се сместени 47 пациенти со ковид 19, од кои најголемиот дел се со потешка клиничка слика.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе