Ковид19 Македонија

Пораст на заболени и хоспитализирани во Прилеп

Поради алармантните и загрижувачки бројки на заболени од Ковид-19 во Прилеп, локалната самоуправа и општата болница, повикаа на мобилизација на сите здравствени работници, невработени или пак од приватни ординации, кои можност да се вклучат и да помогнат во оваа драматична состојба. На Инфективното оддделение, како и на уште три други оддели во болницата вкупно се хоспитализирани над 100 пациенти, дел во тешка состојба. Капацитетите се зголемија, но, има голем недости на  медицинки кадар.

Потребата се зголеми двојно, може и повеќе, бидејќи во новите три одделеи се сместени по 20 пациенти, па мора да се зголеми и бројот на сестри, за да можат да одговрат на барањето на пациентите. Тоа е едната страна, од другастрана како и секаде во државата, кај здравсвените работници имаме заболување од КОВИД, вели Драги Богојески, директор на Општа болница „Борка Талески“-Прилеп.

Од денеска  и прилепскиот Градоначалник Илија Јованоски, инаку лекар по професија, волонтерски се вклучи во работата на Инфективното одделение и уште еднаш ги повика здравствените работници да дадат свој придонес.

Јавно повикувам, лекари, специјалисти, медициснки сестри од матични амбуланти, болничари невработени, ги повикувам да дојдат. Сигурен сум дека ќе најдеме начин тие да бидат платени, рече Илија Јованоски – градоначалник на Прилеп.

Во Прилеп само за една недела има 400 новозаболени и 18 починати од Ковид-19. Во моментот има 760 активни слуачи, а над 1.000 прилепчани се во самоизолација.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ја потопи оваа власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе