Ковид19 Македонија Топ вести

Кон крајот на неделата можни се нови, построги мерки за заштита од Ковид-19

Нови, построги мерки ќе се разгледуваат на состанок на Комисијата за заразни болести кон крајот на неделава – брифираат извори оттаму за Телма.

Ова следува откако повеќе денови по ред процентот на позитивни од направени тестирања е висок, а вчера беше достигната и рекордна бројка на починати како последица од вирусот.

Здравството е мобилизирано, кадарот е ограничен, а со ротации и со надополнување се исполнуваат задачите секаде каде што има потреба. Од завчера во функција се ставени капацитети на интерните клиники во рамки на скопскиот Клинички центар под називот „Ковид-центри“.

Таму се примаат оние таканаречени „средно-тешки“ пациенти коишто имаат потреба од кислородна поддршка, а коишто се претходно најавени од страна на болниците од каде што се препраќаат.

Во Ковид центрите на интерните клиники во изминативе 24 часа се примени 17 пациенти во центарот на Клиниката за Неврологија и 12 во центарот на Клиниката за кожни и венерични болести. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ се хоспитализрани вкупно 54 пациенти, велат од Министерството за здравство.

За да има ред во сите болници каде што се примаат и лекуваат болни од Ковид и за малку да се олесни работата на здравствените работници – ред ќе одржуваат војниците.

Наредбата ја потпиша Претседателот на државата Пендаровски и за истата информираше на петти ноември преку каналите за комуникација.

А, како тие ќе си ја вршат работата дообјасни министерката за одбрана Шекеринска. Војници без оружје, но наоружани со долгогодишно искуство ќе внимаваат се да биде во ред пред болничките установи.

Денес разговаравме дека директното обезбедување со редарска служба најверојатно ќе го организираме со еден дел од поранешните професионални војници коишто се уште работат во Министерството за одбрана и тие ќе бидат првата линија на поддршка. Нема да бидат ниту униформирани ниту вооружени, но ќе обезбедат малку повеќе ред и информации за граѓаните, рече шекеринска.

Дополнително, на денешната седница на Главниот штаб постигната е согласност и за отстапување на одреден број на санитетски возила со возачи од страна на Армијата.

Ваква помош ќе пристигне во некои од скопските клиники.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе