Македонија Топ вести

Заев најавува попис, ВМРО-ДПМНЕ бараат заеднички да донесат закон

Пописот е одложен на барање на Мицкоски и опозицијата, неколку месеци пред пандемијата, тврди премиерот. На својот фејсбук-профил напиша дека, новиот термин за пребројување на населението е дефинитивно  април 2021 година.

По најавата за попис, се отворија и дебати дали, согласно резултатите, ќе се менува Уставот и ќе се ревидира Рамковниот договор, но Заев тврди дека, резултатите нема никако да влијаат врз овие клучни документи.

Неодамна и претседателот на државата, Стево Пендаровски во гостувањето на Телма побара, одговорните лидери и на власта и на опозицијата да договорат политичка декларација дека резултатите од пописот нема да доведат до ревизија на Рамковниот договор или на Уставот, со цел да не се оспоруваат бројките од пописот. Предлогот за политичка декларација може и тој да го поднесе, но порача и дека, ќе мора да седнат и да договорат и Закон за попис кој ќе биде во склад со сите највисоки европски стандарди на Еуростат.

Нов закон се најавува најдоцна до крајот на годинава, но ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат ако не бидат вклучени во неговата изработка.

Заев сака пописот да го сведе на политички пазар и наместо да се реализира статистички, да биде реализиран политички. Закон за попис кој нема да биде во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и кој ќе биде реализиран согласно политичките намери на власта, ние нема да го поддржиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Последениот попис спроведен во Македонија по нејзиното осамостојување беше во 2002 година. Во 2011 година државата започна со попишување на населението, но процесот беше прекинат поради несогласувања меѓу тогашните коалициски партнери во Владата – ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Подоцна за ова истрага отвори и СЈО.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Боцевски во „Топ тема“: Пендаровски зборува како кандидат за премиер, го мобилизира членството на СДСМ и го глуми Зоран Милановиќ

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Сефери во „Топ тема“: Проевропски наратив кај партиите од власта наспроти етноцентричен кај опозицијата, мислам дека Таравари и Османи се свесни дека не можат во втор круг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе