Најважни Топ вести

Хан за новата македонска влада – добро е што повторно гледаме влада со јасна европска агенда

Европската Комисија сѐ уште не реагирала официјално на формирањето на новата влада во Северна Македонија, но еврокомесарите на своите Твитер налози упатија свои пораки, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, порача дека „со нетрпение“ очекува да соработува со новата влада на премиерот Зоран Заев на потребните реформи за ЕУ интеграција.

-Важно е сите сили во општеството да работат заедно кон оваа цел на остварување напредок на патот кон ЕУ, напиша Вархеји.

Поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, кој беше посебно инволвиран во процесот на отпочнување преговори за членство со ЕУ во минатиот мандат на Европската Комисија, изрази задоволство со новиот владин состав.

-Добро е што повторно гледаме влада со јасна европска агенда на функција! На премиерот Зоран Заев и неговиот тим им посакувам сѐ најдобро. Во интерес на земјата, на граѓаните и повторно како модел за целиот регион, важно е да се создаде конструктивна атмосфера помеѓу политичките чинители кога станува збор за исполнување на заедничките европски цели, напиша Хан на својот Твитер налог

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница, откри Клековски без да даде повеќе детали

Дејан Дејан

Кој создава простор за изборен грабеж, а кој свесно ги блокира реформите – траат партиските препукувања околу Изборниот законик

Дејан Дејан

Буџетот развоен и реален за власта, преоптимистички и со погрешни проекции за опозицијата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе