Ковид19 Македонија

Средношколците ќе одлучуваат за можни протести и бојкот на наставата

Скандалозна е одлуката за онлајн настава во новата учебна година реагира Сојузот на средношколци. Досегашното искуство со онлајн наставата само покажа дека не беше ефективна и проблемите ќе излезат на површина доколку нешто не се промени во пристапот,  смета Ходаи.

Затоа што вакви важни одлуки не смеат да се носат без консултација со актерите во образованието. Второ оваа одлука е превземена 11 дена пред да започне новата учебна година и не дава доволно време да се подготвиш за овој тип на настава, вели ходаи.

Сметаат дека сите досегашни предлози кои ги доставиле до Министерството за образование и наука во изминатите три недели биле игнорирани и нивните забелешки не може да ги видат во новиот модел.По највите за протести денес средношколците беа поканети во Владата каде беа запознаени со моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во услови на Ковид-19.

Премиерот Спасовски, вицепремиерката Царовска и министрите за образование и за здравство Адеми и Филипче ја прифатија сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците, велат од владата.

 

Сакаме средина помеѓу онлајн настава и со присуство. Ние се залагаме и предлагаме да имаме комбинирана настава и да се подготват протоколи, средношколците да се менуваат во смени за да нема гужви во просториите во училиштата. Ќе биде поефикасно доколку продолжиме така, смета ходаи.

Министерот за здравство Филипче ги покани средношколците да присуствуваат на состанок на Комисија за заразни болести на кој детално ќе се запознаат со состојбата со Ковид-19 и секако за мерките за заштита кои се во интерес на заштитата на јавното здравје. За утре средношколците најавија и онлајн состанок со сите средношколски претставници во земјава на кој ќе се одлучува за можни протести и бојкот на наставата.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Бајрами: Кога се најавува укинување на Бадентер и на балансер, се создава антидржавна политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе