Вести Ковид19 Македонија

Мистериозен случај на Ковид-19 во затворот во Идризово меѓу затвореници кои не излегувале на викенди

Претпладнево е откриен случај на заболен затвореник од корона во затворот Идризово кога затвореникот бил на лекарски преглед на скопските клиники за друга здравствена состојба. Затворската управа се чуди како заболел затвореникот бидејќи ниту тој ниту уште 32-ца осуденици од одделението амбуланта во Идризово не биле на викенди.

Заболениот немал симптоми и пред десетина дена имал посета согласно протоколите, а сега управата на Идризово истражува како заболел. 29-мина осуденици сега се во изолација во одделението и не се пуштаат на предвидените прошетки. Во телефонски повик се пожалија дека добиваат јадење, но немаат лекарска помош од стручни доктори ниту имаат можност да излезат од одделението. Тврдат дека некои имаат и температура и симптоми.

Новиот в.д. директор на затворот Александар Донев вели дека морале да бидат изолирани заради нивното здравје, но и здравјето на останатите затвореници како и затворските службеници. Сите мерки се спроведени и за нив има соодветна грижа, изјави директорот Донев за Телма.

Тој тврди дека нема затвореници со симптоми.

Затворениците се жалат затоа што се заклучени, а тројца цимери на заболениот се префрлени во  соодветна и за самоизолација подготвена просторија во Идризово.

Досега ова е трет случај на заболен затвореник од корона во најголемиот македонски затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе