Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Редица пациенти за земање брис пред Инфективна во Штип

Нема одмор, ниту празничен викенд за вработените во штипскиот Центар за јавно здравје и на Инфективното одделение. Утринава е забележана голема гужва и редица од пациенти пред пунктот за земање на брисеви во Здравствениот дом.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова за Телма појаснува дека денеска немаат ниту еден упат од матичен лекар, но се земени 130 контролни брисеви од работници и нивни семејства, кои пред 14 дена беа приватно тестирани во конфекциите. Тимовите денеска земаат и контролни брисеви од вработени и станари на радовишкиот Дом за стари лица и од пациенти во Пробиштип.

Првите луѓе на здравствените институции, кои секојдневно се во контакт и се борат со заразата се разочарани, поради непочитувањето на здравствените протоколи од страна на граѓаните и младите. На социјалните мрежи излегоа со свои статуси.

Додека вие се сончате и празнувате, ние работиме. Шест месеци персонал под скафандери во пункт, на терен, анкети, совети, телефони 24 часа, без ден одмор. Немам веќе зборови и не знам за кој сме жртвувани, вели Марија Димитрова дир на Центар за јавно здравје-Штип

 

Прегледи, хоспитализации, кислородни поддршки, тешко болни, за жал и смртни исходи. Без сопствена свест и одговорност, тешко ќе помогнеме на сите. Ве молам придржувајте се на советите, вели Дијана Шишкова инфектолог во Ковид центар-Штип.

Штип и денеска е со двоцифрена бројка на заразени, вкупно 13, а оздравени се 11 пациенти. Според епидемиолошките анкети вирусот се шири низ конфекциите поради непочитувањето на мерките од страна на работниците, кои се групираат за време на паузите. Според Димитрова најдобар пример за преземени протоколи и најголемата странска инвестиција во ТИР зоната, каде што со мерки и Ковид координатор не се шири заразата меѓу  вработените во Адиент. Таа потенцира дека само со мерки може да се делува и нема друго решение.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Истече преодниот рок за почеток на примената на одлуката за укинување на динарот на Косово

Дејан Дејан

Бројот на загинати во силните поплави во јужен Бразил достигна 136

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе