Ковид19 Македонија Топ вести

Тепачки на плажа, дрога и неносење маски на продолжениот викенд во Охрид

Добар дел од туристите кои се на летување во Охрид ќе си заминат со дваесет евра помалку во џебот затоа што сончајќи се заборавиле на основната заштита од Ковид – маска за лицето.

Полицијата освен со насилниците има многу работа и на плажите низ градот велат за Телма од СВР-Охрид.

Во билтенот на МВР е регистрирана и тепачка помеѓу скопјани на плажа во градот, нападнат сопственик на апартман, пронајдена дрога во возило на брегот на езерото.

Сцени како од акционен филм се случуваат во Охрид за време на продолжениот празничен викенд. Прекршителите на редот и мирот се претежно млади лица на дваесетина години.

Порталите објавуваат и фотографии дека ниту ноќниот живот во градот не трпи додека вирусот се уште претставува закана.

На кејот собрани луѓе еден до друг со никакво растојание помеѓу нив. Летуваат и се забавуваат во туристичкиот центар додека на фотографиите се гледаат маските закачени на рака, наместо да бидат покриени носот и устата, како што со месеци препорачуваат здравствените власти.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

УХМР со предупредување за невреме со град и ветер над 60 km/h

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе