Најважни Свет

Само вчера во светот имало 176.000 новозаразени со коронавирус

Во текот на изминатиот ден во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени сега веќе надмина 10,5 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Најголем број на дневни инфекции во светот беа регистрирани на 29 јуни, кога имаше 189.000.

СЗО, преку соопштение, наведува дека вчера, на 2 јуни, во светот биле потврдени нови 176.102 случаи и дека вкупниот број на заболени сега се зголемил на 10.533.779 лица.

Оттаму додаваат дека досега од Ковид-19 умреле 512.842 лица, пренесува Тасс.

Поголемиот дел од новите случаи се потврдени во Јужна и Северна Америка. Во текот на вчерашниот ден, таму се регистрирани 99.202 новозаразени лица, а умреле 3.022 лица.

Во Еврипа има 198.405 нови случаи, со што вкупно досега се зазразени 2.747.810, а вчера на Стариот континент умреле 531 лица, или вкупно досега 19.736.

Земјата со најмногу случаи на коронавирус се уште се САД, каде заразени се 2.616.949 лица, потоа следи Бразил со 1.402.041, Русија со 661.165 и Индија со 604.641 заразена.

Светската здравствена организација сооопшти дека светот е среќен што има многу експериментални вакцини за Ковид-19, што се потврдува со фактот дека во моментов се спроведуваат повеќе од 150 рани фази на тестирањата.

На крајот на дводневната истражувачка средба се посочи дека 17 институти и истражувачки центри што се обидуваат да изнајдат вакцина веќе се во фаза на тестирања врз луѓето и дека дел од нив до крајот на годината се очекува да бидат потврдени како ефикасни, иако се уште е далеку датумот за производство на лиценцирана вакцина.

-Ние сме многу охрабрени од напредокот на овие кандидати за вакцини и ги очекуваме резултатите, рече експертката за вакцинирање во СЗО, Ана Марија Енао Рестрапо, пренесуваат американските медиуми.

Таа додаде дека се очекува масовно тестирање на неколку експериментални вакцини, вклучувајќи ги и оние на Универзитетот Оксфорд и компанијата АстраЗенека, со кои треба да се обезбедат податоци за нивната ефикасност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Деветмесечно бебе почина во Охридската болница

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе