Економија

Јавниот долг заклучно со мај достигна 53,3 проценти од  БДП

Јавниот долг на земјава за два месеци пораснал за 2,6 проценти и заклучно со мај изнесува 53,3 проценти од БДП. Но тука не се  влезени парите од еврообврзницата вредна 700 милиони евра. Министерката Ангеловска вели се прават пресметките и податоците заклучно со вториот квартал ќе ги објават наскоро.

Приходите во буџетот пак за шест месеци се пониски за 9, а само во јуни паднале за 9,6 проценти. Затоа пак расходите во првото полугодие пораснале за речиси 10  проценти. Ангеловска е задоволна од резултатите – тврди има опоравување на економијата оти очекувањата за јуни, биле дека приходите ќе паднат за 20 проценти.

СПОРЕДЕНО СО ПРЕТХОДНИТЕ ДВА МЕСЕЦИ ЗАБЕЛЕЖУВАМЕ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ДУПЛО ПОМАЛ ПАД, ОДНОСНО СЕ ГЛЕДА РАЗДВИЖУВАЊЕ, вели министерката.

Во дражавната каса во јуни се прибрани за  14,4  проценти помалку пари од даноци, а само од ДДВ се помалку за 7,5 проценти. Буџетскиот дефицит се искачил на 3,8 проценти од БДП и достигнал 420 милиони евра. Зголемените расходи, според Ангеловска се должат на мерките за справување со Ковид 19, но и зголемените пензии, плати и социјална помош.

Тоа се 10 милијарди денари. 5,5 милијарди денари, точно 5,4 милијарди денари се исплатени само за мерките ковид програми за реализација во буџетот. Дополнително останатите средства се 900 милиони денари има зголеми обврски за здравствениот, рече Ангеловска.

Тврди буџетот е ликвиден, нема треба нов ребалан, а има простор и за одговор на  евентуални нови шокови предизвикани од здравствената криза.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе