Економија

Земјоделците високо на агендата на партиите

Земјоделците се најважни – е наведено и во овие изборни програми на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ветувањата речиси идентични како и на претходни избори. Во програмата „Можеме“ СДСМ ветува 200 милиони евра за земјоделството и руралниот развој. Во „Обнова“ ВМРО-ДПМНЕ ветува 160 милиони евра годишно, од кои 100 милиони евра за директни плаќања и 60 милиони за рурален развој.

Партиите меѓусебно се обвинуваат за злоупотреби на земјоделците па ветуваат дека тие ќе ги третираат на вистински начин.

СДСМ го продолжува проектот „Зелена нафта“ со цел до крајот на 2024 година субвенционирањто да биде 100 %. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зајакнува мерката за поддршка на осигурувањето со зголемување на учеството во осигурувањето на 70%.

Партиите најавуваат продолжување на проектот „Млад земјоделец“ што го почна претходната влада, а за кој актуелната ги зголеми субвенции на 20 илјади евра.

Зголемени субвенции за грла говеда, овци, кози за 10 отсто ветува СДСМ, а ВМРО–ДПМНЕ од сегашните 1 000 денари по грло ќе исплаќа по 1 500 денари. Партиите ветуваат подобри денови на земјоделецот преку зголемена обработка на земјоделското земјиште, зголемување на домашното производство, инвестиции во инфраструктурата за наводнување.

И покрај ветувањата, еден од секторите што покажува дека  земјоделството назадува со години е намаленото производство на месо, кое се надополнува со увоз. А генерално увозот на храна бележи раст, па така лани сме потрошиле 740 милиони долари, додека во 2010 година сме увезле храна во износ од 558 милиони долари.

Наташа Стојановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Азески: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе