Економија

Игротеките бараат протоколи и подршка за почеток на работата

Три конкретни мерки за поскоро отворање и почеток со работа, предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и игротеки, при Сојуз на стопански комори на Македонија. Претседателот на Групацијата, Трајко Николовски истакна дека бројот на неработни денови е трицифрен и веќе влегуваат во петтиот месец на кризата која почна во март, но не со процентуално намален промет, туку со промет нула, бидејќи се уште воопшто не ја остваруваат дејноста .

Како мали бизниси за да отпочнеме со дејност, многумина од нас, освен сопствени имаат вложено и позајмени средства, како од роднини и пријатели, така и од комерцијалните банки. При тоа заложувајќи ги под хипотека и своите живеалишта. Состојбата во која се наоѓаме е алармантна, резерви на средства немаме.  А, иако игротеките од 11 март престанаа со вршење на својата дејност, прославувањето на детските родендени не престана. Родендените продолжуваат да се организираат во домашни услови, без соодветни протоколи, се пожали Николовски.

Изминативе денови до Комисијата за заразни болести ги доставиле предлог протоколите кои самите ги изработиле, следејќи и прифаќајки ги позитивните примери на земјите од соседството, кои се подготвени да ги почитуват во целина.

Сите предлози и дополнувања од Комисијата за заразни болести се добредојдени, изјави Николовски и додаде дека како економски оператори родендените кои ги организираат се исклучиво од затворен тип, т.е. со ограничен број на гости кои добро му се познати на организаторот на роденденот, како и нивната здравствена состојба, бидејќи станува збор за гости од исто семејство, блиски роднини и пријатели.

Компаниите од секторот најпрво бараат финансиска поддршка во висина на половина од просечниот месечен бруто приход земен од времето кога работеа, секој месец без прекин на неодредено време до нивно повторно отворање, како би можеле да ги сервисираат закупнините, режиските трошоци, платите и придонесите во периодот кој им претстои затоа што моментално не работат, имаат промет нула и се уште се затворени.

„ Понатаму, Комисијата за заразни болести да даде препорака да ги отвориме објектите по примерот на земјите од соседството, кои што повеќе од еден месец беспрекорно работат, затоа што животот продолжува со почитување на протоколите за заштита на здравјето.  И трето во време кога секој од нас е важен, кога се бориме за секое работно место, кога сите сакаме нови инвестиции, нови вработувања, јавно прашуваме, што ќе се случи со нашите инвестиции во кои работат повеќе од илјада луѓе и егзистираат исто толку семејства. Бараме одговор, дали треба да дозволиме овие 1000 семејства да останат без егзистенција, да останат без работните места кои сами ги створиле и да изгубат се што вложиле“, изјави Николовски.

Компаниите кои се занимаваат со овие дејности, од сите градови во земјата, се здружени и единствени, но само со заедничка работа на сите чинители може да се надминат предизвиците и економски да опстојат.

Со почит,
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕЦБ планира намалување на каматните стапки во јуни

Дејан Дејан

Граѓаните ќе почекаат за поевтини кредити

Дејан Дејан

ФОТО-ГАЛЕРИЈА Во буриња, со авион шверцувале 1,7 тони виагра во прашок и забрането средство за слабеење

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе