Спорт Фудбал

Одиме на победа, за нови бодови и да докажеме дека Македонија ги има најдобрите и најкоректните навивачи

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20 часот и 45 минути против Бугарија ќе го одигра последниот натпревар во ова издание од Лигата на нации.

По поразот на гостувањето во Тбилиси, нашата селекција ги загуби шансите за освојување на првото место, но победа и три бода во вечерашниот настап ќе не задржи во битката за евентуален влез во баражот за Европското првенство бидејќи во баражот за настап на континенталниот шампионат може да влезат и селекции со најголем број на бодови освоени во Лигата на нации.

Селекторот Милевски во пресрет на овие два завршни натпревари имаше огромни проблеми со составувањето на тимот, голем број отсуства поради повреди, но и покрај се нашата селекција одигра добар натпревар со Грузија, но скапо ја плати цената за грешките во дефанзивниот ред.

Точно е дека овој вечерашен дуел е повеќе од фудбал, но како што сите едногласно говорат, политиката да се остави на страна и победникот да се решава на теренот.

Поддршката од трибините ќе биде огромна, се очекува полна арена во Скопје, а сите што ќе дојдат да го следат натпреварот со фер и коректно навивање да им помогне на фудбалерите да дојдат до посакуваната победа.

Македонските навивачи секаде каде што ја бодреле репрезентацијата оставале извонреден впечаток со репутација дека се меѓу најдобрите и сега е вистинскиот момент тоа и да го докажеме. Со почит кон противникот и максимална поддршка за нашите фудбалери.

Да ги бодриме македонските фудбалери без разлика на тоа кој е противникот.

Мечот се игра на арената Тодор Проески и почнува во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белгијците го исмеваа Трамп откако ги прегазија САД на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Мерино го расплака Роналдо, Балогун не ги спаси САД од Белгија (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Белгија со порака до САД по победата: Поништете го сега ова!

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе