Вести Економија Македонија Најважни

На помалку од еден месец пред почетокот на грејната сезона незивесно е парното греење за скопјани

Виси парното греење во Скопје. Иако,  ЕСМ се согласи да ја преземе работата на  БЕГ оваа грејна сезона  и доби лиценци за дистрибуција и снабдување, се уште е неизвесно  произвдоството на топлинска енергија.   Нема договор за закуп со  Адора  која е сопственик  на топланите Исток и Запад.  Од ЕСМ за Телма велат дека очекуваат да се договорат  до почетокот  на окотмври. По што ќе се објави  и нов оглас за производство на топлинска енергија.  До денска беше и рокот до  кој ЕСМ требаше да одговори на понудата на Макпетрол за количините на гас, токму за овие две топлани.

Грејната сезона почнува на 15 октомрви, а зависоно до температурите може  да стартува и порано, но се уште е неизвесно кога и од каде ќе се обезбеди  гасот.

Нема ниту конкретен одговор од  властите дали Тето ќе се согласи да обезбеди 70 отсто од потребите на толинска  енергија и дали ќе може 24 да  работи и да генерира и струја.

Поранешниот директор на топлификација Хаџимишев вели дека ако има недостаток на гас , веќе е познато дека другата опција е да  се користи мазут,  кој ќе биде серизоен загадувач.

Истовремено пропаднаа преговорите со Бугарија за  испорака на стурја од таму поради  тоа што била понудена  висока цена за мегават час што за владата не била прифатлива.

Во меѓувреме продлжува турнеата на владата  за набавка на енергенси. По посетата во Србија, Атина и Бугарија во четврток владин тим заминува  за Истанбул. Таму ќе се преговара со турски Боташ , државна  компанија за испорака на гас,  за да се види дали има можност да се обезбедат енергенси  од тука.  Иако, не чека долга и тешка зима властите се оптимисти дека месеците ќе се поминат без поголеми проблеми.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе