Вести Најважни Свет

Кралицата Елизабета денеска ќе биде погребана во Виндзор

Кралицата Елизабета Втора денеска ќе тргне на своето последно патување кон вечното почивалиште покрај нејзиниот сопруг принцот Филип. Ковчегот со телото ќе биде пренесен во Капелата Сент Џорџ во Виндзор каде Опелото ќе започне во 16 часот по локално време, а таму ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството.

Претходно поворката од зградата на парламентот ќе застане во Вестминстерската палата.

На државниот погреб во Вестминстерската опатија во Лондон ќе присуствуваат членови на кралското семејство, шефови на држави и високи личности од целиот свет, а ќе се одржи и едночасовна служба на која покрај надбискупот Кентербери ќе се обрати и британската премиерка Лиз Трас.

По богослужбата, ковчегот ќе биде превезен со кочија низ Лондон, во придружба на семејството до Велингтон Арх, поминувајќи покрај Бакингемската палата.

Кралицата Елизабета втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември.

Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана, со највисоки државни почести, а целата церемонија ќе се пренесува на националните телевизиски канали, и ќе биде прикажана пред голем број луѓе во повеќе паркови и други јавни места во Британија. Во лондон веќе пристигнаа голем број претседатели на држави и влади, кои ќе присуствуваат на погребот на кралицата, меѓу нив и македонскиот претседател Стево Пендаровски.Тој се потпиша во книгата на жалост во Лондон и заедно со сопругата и оддаде почит на кралицата.

Погребот на британската кралица Елизабета Втора, претставува невиден безбедносен предизвик. Властите треба да се погрижат за безбедноста на 500 светски лидери но и големиот број луѓе што се очекуваат околу Вестминстерската палата и по должината на рутата по која ќе се движи ковчегот. За таа цел ангажирани се повеќе од 10.000 полициски службеници кои поддршка ќе имаат од лондонската улична полиција, како и полицајци од сите 43 полициски постави во Британија.

Ќе има и стотици доброволци и припадници на вооружените сили кои ќе ја гарантираат безбедноста по патеката на погребната поворка.

Аеродромот „Хитроу” ќе приземји десетици летови за да се спречи бучавата да ја наруши погребната служба.

Полицијата постави повеќе од 36 километри ограда во центарот на Лондон за да ја контролира толпата, а ќе бидат засилени и безбедносните мерки во метрото и железницата. Во центарот на Лондон се очекува да се соберат околу еден милион луѓе.

Британската Кралска круна- тежина на моќта

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе