Вести Македонија Топ вести

По летниот бран опаѓа бројот на заразени со Ковид – минатата недела за 22% помалку случаи споредено со претходната недела

Извештајот на Институтот за јавно здравје го опфаќа периодот од 15 до 21 август и тогаш се регистрирани вкупно 2686 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 34 градови низ државата.

Тоа е за 22,7% во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај.

Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Делчево, Кавадарци, Гевгелија, Пехчево, Охрид, Неготино, Берово и Кратово.

Согласно податоците од ИЈЗ, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години.

Во однос на претходната недела, регистрирано е намалување кај сите возрасни групи со најзабележително намалување од 36,3 отсто во возрасната група 10-19 години.

Оздравени се 3197 лица, или 14,6% помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 20 смртни случаи, најголем број од Охрид – 5.

Во текот на минатата недела се хоспитализирани 28 лица, а моментално во болниците се лекуваат вкупно 125 ковид-пациенти, што е за 37,2% помалку во споредба со претходната седмица. Од нив 45 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе