Вечерва се комплетираа натпреварите од третото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони.
Најубедливите победи ги забележаа Бодо и Црвена Звезда кои на домашен терен триумфираа со 5:0 во соочувањата против Жалгирис и Пјуник.
Првакот на Ерменија за кој настапува и македонскиот интернационалец Марјан Радески, кој одигра 34 минути во второто полувреме доживеа дебакл на стадионот Рајко Митиќ и е пред елиминација во елитното натпреварување.
Покрај прваците на Србија и Норвешка пред пласман во завршниот круг од квалификациите пред влез во шампионската лига е и Макаби Хаифа кој славеше над Аполон од Кипар со 4:0.
Динамо Киев забележа минимална победа од 1:0 во дуелот против Штурм додека без победник 1:1 заврши мечот меѓу Карабаг и Ференцварош.
ФОТО: Игор Паневски
