Вести Свет Топ вести

Пентагон негира дека Русија уништила шест системи ХИМАРС во борбите во Украина

Пентагон денеска ги демантираше тврдењата на Русија дека од почетокот на конфликтот во Украина руската војска уништила шест американски ракетни системи ХИМАРС.

Руските медиуми вчера го цитираа рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој кажа дека Русија ги уништила системите ХИМАРС.

Свесни сме за овие последни тврдења на министерот Шојгу и тие повторно се очигледно лажни. Она што се случува е дека Украинците со разурнувачка прецизност и ефикасност ги користат напредните ракетни системи што им ги дадоа САД, нашите сојузници и партнери за одбрана против бруталната, криминална инвазија на Русија, рече Тод Брисил, вршител на должноста портпарол на Пентагон, пренесен од британските медиуми.

Шојгу уште кажа и дека Русија од почетокот на војната во Украина уништила пет противбродски ракетни системи Харпун и 33 хаубици М777, но британските меидуми не можеа да ја потврдат точноста на ваквите извештаи.

Украинските власти соопштија дека украинските сили користат околу десетина системи ХИМАРС, чија точност и долг дострел му овозможиле на Киев да ја намали супериорноста на руската артилерија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе