Вести Најважни Свет

Првиот брод со пченка тргна од Одеса кон Истанбул, крајна дестинација е Либан

Првиот брод со украинското жито исплови утрово од пристаништето на Одеса, сооптшија турското и украинското министерство за одбрана, десетина дена откако Русија и Украина потпишаа договор за извоз. Товарниот брод, кој плови под знамето на Сиера Леоне, тргнал за Либан и според Обединетите нации, превезува 26.000 тони пченка.

„Се очекува бродот утре да пристигне во Истанбул, каде што ќе се изврши негова проверка, пред да го продолжи патот“, соопшти министерството.

Крајната цел на бродот е Либан, кој се наоѓа среде најголемата финансиска криза во последните 150 години.

Се очекува наскоро да испловат и други бродови од трите пристаништа на Украина, каде во силосите чекаат извоз тони жито.
Ако се исполни договорот постигнат меѓу Украина и Русија за извоз на житото, се очекува да се смири глобалната криза за храна, а цените на житните производи конечно да се намалат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе