Првиот брод со украинското жито исплови утрово од пристаништето на Одеса, сооптшија турското и украинското министерство за одбрана, десетина дена откако Русија и Украина потпишаа договор за извоз. Товарниот брод, кој плови под знамето на Сиера Леоне, тргнал за Либан и според Обединетите нации, превезува 26.000 тони пченка.
„Се очекува бродот утре да пристигне во Истанбул, каде што ќе се изврши негова проверка, пред да го продолжи патот“, соопшти министерството.
Крајната цел на бродот е Либан, кој се наоѓа среде најголемата финансиска криза во последните 150 години.
