Фудбалската конфедерација на Африка донесе одлука да ги одложи следните квалификациски дуели за Купот на нации што требаше да се одиграат во септември.
Причината за оваа одлука е Светското првенство во фудбал и можноста националните тимови кои партиципираат на ова натпреварување да се подготват за настап.
Простор за одложување постоеше откако беше решено турнирот чиј домаќин е Брегот на Слоновата коска наместо во 2023-тата да се помести за 2024-тата година.
Во текот на септември дел од националните тимови од Африка веќе договорија контролни натпревари кои се во рамките на подготовките за Светскиот куп.
Така на пример селекцијата на Мароко на 23 и 27 септември ќе одигра мечеви со Чиле и Парагвај, а и останатите селекции преговараат за одигрување на натпревари.
ФОТО: Игор Паневски
