Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска информираше дека и покрај договорот со Шведска за укинување на ветото за членство на оваа земја во НАТО алијансата потпишан пред еден месец, земјата се уште нема екстрадирано ниту едно лице од осомничените за тероризам.
Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО поради загриженост од рускиот напад врз Украина, но се соочуваат со вето од Турција, која ги критикува дека воведоа ембарго за извоз на оружје во Турција и ги поддржуваат групите што Анкара ги смета за терористички.
Трите земји потпишаа договор за укинување на ветото во замена за укинување на ембаргото и екстрадиција на 73 лица од Шведска и неколку десетици од Финска.
