Македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски се врати од Брисел и денеска ќе ја одржи владината седница. А за вечерва е закажан и свечен коктел во Клубот на пратениците по повод почетокот на првата меѓувладина конференција со ЕУ и старотот на преговорите.
Партиските партии не стивнуваат. ВМРО-ДПМНЕ оцени како замајување на јавноста тврдењата на Владата дека е заштитен македонскиот јазик и дека е обезбеден реципроцитет во процесот. За СДСМ, со почетокот на преговирте започнува и новото поглавје за нашата земја. Честитки за почетокот на преговрите има и од помалите партии, како ВМРО Народна партија. Од Друштвото на писателите со реакција дека македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект.
Стартот на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ е меѓу темите за кои информираат бугарските медиуми. Медиумите ги цитираат и зборовите на Фон дер Лајен на почетокот на заедничката изјава дека „ова е историски момент“. Софиски „Дневник“, без на кој било начин да ја спомене Бугарија и нејзината одлука за повлекување на ветото, објави дека Европската комисија, Македонија и Албанија вчера во Брисел „најавија почеток на преговорите за пристапување на двете земји од Западен Балкан во ЕУ“.
Весникот посочува дека претседателката на Европската комисија избегнала да ја спомене Бугарија, нагласувајќи ги само достигнувањата на Скопје и Тирана, а чешкиот премиер Петер Фиала, чија земја во моментов претседава со Советот на ЕУ, ги нагласи цврстите позиции на Албанија и Северна Македонија против руската војната во Украина.
