Вести Македонија

Интегрален текст: Бугарската декларација за македонскиот јазик

ЕДНОСТРАНА ДЕКЛАРАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

„Повикувајќи се на став 7 од Заклучоците на Советот за [Проширување – Северна Македонија и Албанија] од (јули 2022 година),

Повикувајќи се на став 22 од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и нејзиното повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија, согласно нејзиниот Устав, како јазик за превод на законодавството на ЕУ,

Со оваа декларација Бугарија го потврдува следново:

Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик. Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.

Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и никако не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонскиот јазик“.

Бугарија продолжува да се придржува до јазичната клаузула содржана во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во Скопје на 1 август 2017 година помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, за целите на билатералните договори/договори/меморандуми и други меѓу двете земји“.

Интегрален текст: Унилатералната изјава за македонскиот јазик на РС Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возејќи рикверц бил ненамерно прегазен од чичко му – 27-годишен тетовец се здобил со тешки телесни повреди

Sasko Dimovski

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 28.7.2026

meteo

Судири меѓу демонстранти и полицијата пред парламентот во Тирана – приведени неколку лица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе