Вести Свет

Русија ги губи бизнисите поради инвазијата во Украина

H&М, втор по големина моден трговец во светот, денеска соопшти дека го запира својот бизнис во Русија, придружувајќи се на листата компании што целосно ја напушта земјата со што вредноста на нивните акции се намали за еден отсто.

Компанијата го суспендираше својот бизнис во Русија на почетокот на март во пресрет на санкциите на Западот против Москва, по нејзината инвазија врз Украина. За H&M, Русија беше шести најголем пазар и компанијата го зголемуваше бројот на продавници во земјата, затварајќи продавници на други пазари.

„По внимателно разгледување, со оглед на моменталната ситуација, ние го гледаме како нЍ возможно продолжувањето на нашиот бизнис во Русија“, се наведува во соопштението на извршната директорка Хелена Хелмерсон.

Според портпарол на компанијата, околу 6.000 вработени во земјата ќе бидат погодени од одлуката.

„Ние сме навистина тажни поради влијанието што ова ќе го има врз нашите колеги“, додава Хелмерсон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе