Вести Свет

Два случаја на вирусот Марбург во Гана, 90 лица се во карантин

Во Гана се откриени два случаја на вирусот Марбург, хеморагична треска смртоносна колку и еболата. Овие случаи се првите во земјата, соопштија здравствените власти.

По сомнение за зараза со вирусот Марбург, на 8 јули се земени примероци крв од две лица во регионот Ашанти.

„Ова е првпат Гана да потврди присустно на Марбург вирусот“, се наведува во соопштението на Патрик Кума Абоажје, директор на здравствената служба на Гана.

Сега во карантин се 90 лица, идентификувани како контакти на заразените. Засега, нема заразен меѓу некој од нив.

Вирусот го пренесуваат лилјаци, а меѓу луѓето се шири со директен контакт со телесни течности на заразени или со површини и материјали, појасни Светската здравствена организација.

Симптомите се појавуваат неочекувано – висока температура, силна главоболка и слабост. Иако не постојат вакцина и одобрени антивирусни лекови, оралната и интравенската рехидратација и лекување на специфични симптоми ја зголемуваат стапката на преживување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе