Вести Свет

Вонредна состојба во Шри Ланка

Вршителот на должноста претседател на Шри Ланка Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба во државата, додека неговата администрација се обидува да ги смири социјалните немири што произлегуваат од економската криза.

„Тоа е со цел, во интерес на јавната безбедност, заштита на јавниот ред и одржување на снабдувањето и услугите од суштинско значење за животот на заедницата“, нагласено е во соопштение.

То во средата беше назначен за вршител на должноста претседател од позицијата премиер, додека парламентот не избере нов шеф на државата. Тоа следуваше откако Раџапакса ја напушти земјата по бунотот кој беше предизвикан поради економската криза.

Парламентот во петокот официјално ја прифати оставката на Раџапакса, а во саботата започна процесот за избор на нов претседател. Викремесинге, сојузник на Раџапакса, е еден од главните кандидати за преземање на претседателската функција, но демонстрантите исто така сакаат тој да си замине, што отвора можност за дополнителни немири доколку биде избран.

Уличните протести против економската криза во Шри Ланка траат со месеци, кулминирајќи минатиот викенд кога стотици илјади луѓе ги зазедоа владините згради во Коломбо. Тие го обвинија семејството Раџапакса и сојузниците за неконтролираната инфлација, недостиг на основни добра и за корупција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе