Вести Македонија Најважни

Вувузели и свирежи наместо говори-дебатата за францускиот предлог во Собрание се води како на стадион

Преполовен е бројот, уште 20-тина пратеници на опозицијата од собраниската говорница го бранат македонскиот индентитет и јазик, кој како што сметаат е загрозен од францускиот предлог.

Пратениците од власта низ силниот звук на свирежите се обидуваат да го одбранат францускиот предлог.

Оние кои протестираат пред Собрание велат дека се малуброните оти граѓаните не биле информирани..

Дискусијата за предлог- преговарачката рамка за пристапните преговори на македонија со еу, предложена од француското претседателство, и денеска во Собрание се води како на стадион. Вувузелите на пратениците од опозицијата ги надгласуваат говорите на пратениците од власта.

По што пратениците на СДСМ решија да не се јавуваат за реплики.. Едните се деклативно против уставни измени, другите велат – имаме целосна заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности.. За дополнителните заклучоци ќе се гласа по исцрпување на дебатат.. Далиборка демјанска е денеска во собранието.. Далиборка каква е атмосферата и уште колку пратеници се пријавени за збор.

Пред Собранието повторно протести, но бројот на присутни со маички со натпис „не“ забележително е помал. Безбедноста е на високо ниво, а министерот Спасовски повикува на мирен протест.

По вчерашните немири 11 луѓе се приведени, како и уште едно лице од инцидентот кај плоштадот Скендер бег пред десет дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против таткото на Меланија за физичко и психичко насилство врз семејството за што јавно алармираше неговата ќерка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе