Европската Комисија се изјасни дека преговорите за нови пакети се доверливи и нема да се шпекулира јавно.
Новите санкции врз увозот на злато од Русија не се сметаат за нов пакет туку за прилагодување на постоечките мерки, новите санкции исто така ги олеснуваат рестрикциите врз одредени производи за да се избегне криза во прехранбениот сектор во Европа. Со ова Европската Унија на маса има шест и пол пакети санкции против Русија.
На прашање од новинарите дали ќе има нови мерки, тие итакнаа дека тие информации се доверливи.
-Очигледно е дека нема да коментираме за тоа што ќе биде ставено на маса, особено кога станува збор за санкции, ова е уште поважно кога се санкции против Русија, рече Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари.
Таа истакна дека се решени да го ограничат капацитетот на Русија да нанесува штета врз Украина.
Сега Комисија е фокусирана на применувањето на досегашните шест пакети санкции, од кои последниот е делумна и постепена забрана за увозот на нафта од Русија.
