Европската Комисија денеска објави дека најголемите здравствени закани за Европа се пандемиите, хемиските напади и отпорноста на антибиотици и бара координација на ниво на ЕУ.
Телото на Европската Комисија задолжена за одговор на здравствени закани, ХЕРА, ги презентираше трите најголеми закани по здравјето на Европејците и побара координација на ниво на цела Европска Унија.
Заканите се следните: патогени со висок пандемски потенцијал, хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани, и конечно опасноста од отпорност на антибиотици.
Овие ризици идентификувани како најголеми прекугранични закани за здравјето на граѓани во Европа, но и светот.
Најголем ризик имаат респираторните инфекции, а хемиските закани можат да бидат грешка или намерен напад во однос на геополитичките сили во Светот.
За отпорноста на антибиотиците, ХЕРА предупредува дека е еден од најголемите ризици за човечкото здравје.
Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, повика да се обезбедат медицински противмерки за сите овие закани, и тие да им бидат достапни на земјите членки брзо и по потреба.
