Ковид19 Свет Топ вести

Берлускони заради компликации со коронавирусот примен во болница во Милано

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (83) е примен во болница во Милано поради компликации од инфекцијата со коронавирусот.

Здравствената состојба на Берлускони не е загрижувачка, ја цитираат британските медиуми партијата на Берлускони „Форца Италија“.

Неговиот личен лекар, Албето Зангрлио, во средата објави дека Берлускони е позитивен на Ковид-19.

Тогаш беше кажано дека Берлускони е асимптоматски, дека е во неговата вила во Милано и дека ќе остане таму 14 дена во карантин.

Додека пандемијата беше во полн ек, Берлускони беше во својата куќа во Ница, Франција, а потоа дел од одморот го мина на Сардинија, каде се дружеше со Флавија Бријаторе, сопственик на тамошната дискотека „Милионер“, омилено место на ексклузивните гости на островот.

Бријаторе, кој најави дека ќе ја тужи владата за најавата за затворање дискотеки, беше заразен како и повеќето од неговите вработени, но и голем број гости.

Веднаш штом беше објавено дека Бријаторе е позитивен на Ковид19, Берлускони, како што беше најавено, беше превентивно тестиран за вирусот, тој првиќно тој не беше заразен, но затоа најновиот тест потврди дека 83-годишниот  претприемач и политичар се заразил со Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Tea Dimkovska

„Ако 13 години не сме примиле нови членки, пропустите лежат и на страната на Европската Унија“ рече Мерц и најави промена на процесот на проширувањето

Tea Dimkovska

Пленковиќ откри што бара Хрватска од црногорските власти да исполнат пред да станат членки на Унијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе