Вести Свет

Медведев: Судење на земја со најголем нуклеарен арсенал би било опасно за светот

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен шеф на државата, Дмитриј Медведев, во авторски текст објавен на Телеграм, ја исмева можноста некој од Русија да заврши пред меѓународен суд поради инвазијата врз Украина.

Обидите да се создадат судови за така наречената истрага за руските операции ги нареков луди. Овие предлози не само што се правно неважечки. Идејата за казнување на земјата која има најголем нуклеарен арсенал е апсурдна сама по себе и потенцијално го загрозува постоењето на човештвото.

Тој повторно прашува – „кој е тој идиот“ што повикува на судење на Русија и самиот одговара – САД.

Медведев објавува и листа на воените интервенции на САД по Втора светска војна.

Виетнам и Кореја, Југославија и Ирак, Авганистан и Сирија знаат колку може да бидат катастрофални последиците од таквите инвазии. Списокот е долг и расте. Америка уби повеќе од 20 милиони луѓе во 37 земји од крајот на Втората светска војна, според студијата објавена од „Глобал рисрч“ (Global Research). Размислете – повеќе од 20 милиони! Авторот на таа статија, Џејмс А. Лукас, поставува добро прашање: Колку напади како оние од 11 септември има направено Америка во други земји: Одговорот е околу 10.000, истакнува Медведев на Телеграм.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе