Денеска на пладне во вилата Водно започна Советот за национална безбедност свикан од Претседателот Стево Пендаровски.
Покрај редовните членови на Советот (премиерот, претседателот на Собранието, министрите за надворешни, за внатрешни работи и за одбрана, началникот на ГШ на Армијата и тројца советници на Пендаровски) за оваа средба е повикан и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
Главна тема на Советот е францускиот предлог за преговарачката рамка за членство во ЕУ.
По средбата ќе следува изјава на Пендаровски.
За денеска е закажана и средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Исто така по вчерашниот протест пред владата на кој главната порака беше НЕ за францускиот предлог, најавен е нов протест.
Малинка Ристевска Јорданова за Телма: Новиот француски предлог не е подобар, само технички е изменет
