Речиси 100.000 Британци добија постојан престој во Франција минатата година поради Брегзит, објави АФП.
Вчера во Франција беше објавена годишна статистика за имиграцијата. Точно 99.644 британски граѓани минатата година добија право на постојан престој, што им е потребно од 1 октомври 2021 година поради Брегзит.
Овие податоци се земени „привремено“, соопшти француското Министерство за внатрешни работи, нагласувајќи дека поради доцнењето помеѓу поднесувањето на барањето и издавањето на документот, „некои дозволи издадени во текот на годината се уште не се регистрирани во националната база на податоци.”
Во 2020 година 7.686 британски државјани добиле дозвола за постојан престој или 13 пати помалку од минатата година.
