Се уште е нејасно што за Македонија е прифатливо она што го содржи францускиот предлог за преговарачката рамка за земјава. Македонските власти не отстапуваат од позицијата, прво другите да се изјаснат, па тие. Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш го повтори тоа, а дали Македонија, генерално, би отстапила од досегашните позиции и би прифатила бугарските барања да влезат во преговарачката рамка, Ковачевски, со став дека билатералите прашања треба да се решаваат билатерално, но без директен одговор што е подготвена да прифати земјава за да ги почне прегвоорите со ЕУ.
„Преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ во кој што се разговара, и во кој што се става рамка за преговарање во однос на пристапување кон ЕУ како организација на држави членки, а додека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерално ниво со државите со кои тие постојат. И затоа постои и договорот со Бугарија и затоа постои и Преспанскиот договор со Грција“, изјави премиерот Ковачевски.
Ковачевски притоа со надеж дека земјите-членки на Унијата преговарачка рамка која ќе ја усвојата за Македонија ќе биде документ кој ќе има мултилатерален карактер, а оти Бугарија ќе биде на ниво на соседна држава која сака да го види својот сосед како полноправна членка.
Освен францускиот предлог за преговарачката рамка, тензијаta во јавноста денеска ја зголеми и информацијата дека од бугарското МНР, до македонското, е пристигната предлог-протокол за договорот за Добрососедство. Премиерот Ковачевски негираше дека таков документ е пристигнат во земјава, сепак со појаснување дека знае за каков документ станува збор. Ковачевски притоа појасни дека не станува збор за документ кој содржи нови барања до Македонија, туку дека се работи за протоколот од последниот состанок на двете министерства на кој било разгледувано до каде е спроведувањето на Договорот за добрососедтво.
„При спроведувањето на наредните чекори од Договорот, тогаш пак се работи за протоколот кој што кажува до каде е стигнато во наредната фаза и што е тоа што претстои во наредната фаза. Така што во моментов во Република Бугарија го гледаат тоа кое што е постигнато досега и она кое што треба да се прави во иднина. Меѓутоа тоа не е документ кој што е некаков нов договор кој што се додава на она што во моментов, односно, го имаме потпишано со Република Бугарија, а тоа е Договорот за доброседство“, рече Ковачевски.
Но ако се уште е непознато како ќе постапи Македонија по францускиот предлог, нема јасен одговор и од Финска, како земја-членка на ЕУ, чија премиерка е во Скопје, Сана Марин дали го виделе предлогот и како ќе се изјаснат по него, со оглед дека вклучува билатерални прашања.
„Мислам дека е одговорност на ЕУ да се осигури дека ситуацијата нема да остане замрзната. Треба заедно да дискутираме за прашањето со Бугарија и да се осигураме дека ќе ги имаме насоките, отсега па натаму, по кој пат треба да се движат“, рече Марин.
Марин подвлече дека Финска е за прорширување и сака да види напредок и да види и Макеоднија и Албанија како стануваат членки на ЕУ. Според неа на претсојниот Совет на ЕУ земјите-членки ќе треба да се осигураат дека сите прашања ќе бидат решени и дека повече нема да има проблеми.
Тамара Грнчароска
