Вести Македонија Најважни

Мицкоски на големиот протест на ВМРО-ДПМНЕ за францускиот предлог – Бугаризација на Македонија на рати

Премногу е народе на Македонија, премногу е да гледаме како нашата Македонија се разградува камен по камен, им порача на своите поддржувачи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот голем протест на опозицијата пред зградата на владата.

Своето обраќање тој го започна обраќајќи им се на присутните, не од бината, туку од улицата меѓу членовите и симпатизерите, по што започна партиската химна а Мицкоски потоа ја зазема својата позиција на говорницата.

На почетокот од своето обраќање Мицкоски ја илустрираше актуелната ситуација во државата со оценката дека додека владата користи златна вилушки, народот е принуден да пребарува контејнери за храна.

„Промени мора да има. Сите ние обединети зад знамето на Македонија порачуваме дека промени мора да има“ – порача Мицкоски.

Или ќе се бориме и ќе победиме или Македонија ќе ја нема. Имаме ли избор?, ги праша своите поддржувачи Мицкоски. Тој додаде дека борбата ќе продолжи насекаде, во Парламентот, протести на улиците, во градовите и селата. Да изградиме силна држава со способна економија, ја посочи целта на својата политичка борба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го критикуваше и Премиерот Ковачевски и владата затоа што молчат за последниот предлог на француското претседателство за преговарачката рамка со Европската Унија и се прават дека не го ни виделе.

„Да бидеме на чисто, тоа е ништо друго, освен капитулација без одлагање. Што би се рекло бугаризација на Македонија на рати или дипломатски нокаут “ – изјави Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе