Вести Македонија Најважни

Скендер Реџепи: Не сакав да бидам заложник на неспособно раководство

Пратеникот Скендер Реџепи кој пред два дена ја напушти Алтернатива и одлучи да делува како независен, вели дека и понатаму ќе продолжи да го поддржува владејачкото мнозинство.

„Се додека Владата ќе се заложува да го започне реализирањето на програмскиот договор со Алтернатива, јас ќе бидам тука со убедување дека има и време и капацитет да се реализира истата“, изјави пратеникот Реџепи.

Тој за Телма вели дека одлуката не била лесна, но била неминовна.

„Јас чекав тесното раководство на партијата да донесе одлука со која ќе се подобри досегашното едноумие во партијата, но тие со последните одлуки, го продлабочија тоа едноумие, поради што неизбежна беше мојата одлука за независно политичко делување“, изјави Реџепи.

Реџепи вели дека нема да биде заложник на политичко раководство кое ја преполовила гласачката сила на партијата.

„Лично или приватно несогласување со никого не сум имал потреба да имам, но не сум дозволил да бидам заложник на една политичко раководство која за помалку од една година ја преполови гласачката сила на партијата“, вели Реџепи.

Пратеникот Реџепи вели дека е болно независното делување во Собранието, затоа што си заминал од партијата од која самиот тој е основач.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе