Вести Најважни Свет

Петков предлага Министерскиот совет да донесе одлука за ветото за Македонија

Ќе му предложам на Министерскиот совет да донесе одлука во врска со Република Северна Македонија, изјави премиерот Кирил Петков на почетокот на денешната владина седница, јави  БГНЕС.

БГНЕС вчера го објави планот на Петков според кој бугарскиот премиер ќе го заобиколи Министерството за надворешни работи за кревање на ветото за Македонија.

Точка 1: Секој предлог од страна на француското претседателство со Европската унија од земја-членка или Европската комисија за одобрување на почеток на преговори за членство во ЕУ на Pепублика Северна Македонија и Албанија, направен во подготовка за или за време на состанокот на Комитетот на Постојаните претставници или Советот за општи работи, кој отстапува од Рамковната позиција на Советот на министри од 2019 година, веднаш да бидат испратени од Постојаното претставништво на Република Бугарија во ЕУ до Комитетот за надворешна политика на Национално собрание.

Точка 2: Претставниците на Република Бугарија во Комитетот на постојаните претставници и во Советот за општи работи да не се согласат со предлогот од точка 1 до нивната расправа во Народното собрание, а во случај на нивно отфрлање од Народното собрание да изразат негативна позиција за нив.

Со други зборови, Петков, по читањето на предлогот за кој денеска ќе гласа Советот на министри, продолжи: Да биде јасно – секој предлог што се разликува од рамковниот став треба веднаш да се испрати до Народното собрание и да не се даде согласност додека се расправа во Народно собрание и доколку има негативна одлука – автоматски дајте негативен одговор.

На овој начин избегнуваме секакви шпекулации дека оваа влада ќе направи нешто во врска со Република Северна Македонија и оваа тема мора целосно да се реши од пратениците во Народното собрание. Ова е веќе одлука на Министерскиот совет, рече Петков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе