Вести Свет

И во Грција маските не се задолжителни во затворени простори

Задолжителната маска во затворените простори во Грција од утре се укинува, а исклучок се болниците, домовите за стари лица и јавниот градски превоз, додека пак во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука за протоколите за бродовите и траектите, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката ја соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис пред две седмици и рече дека е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година.

  • Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече тогаш Плеврис.

Маската повеќе нема да биде задолжителна за затворените простори, како што се супермаркетите и продавниците, но и за авионите и за превозните средства со нумерирани седишта, односно возовите и меѓуградските автобуси.

Задолжителна останува во болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, како што се автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите.

Маската, воедно е и последната мерка што важеше во Грција, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со обележани 2000 евра, кавадарчанец е уапсен за измама

Sonja Petrusevska

Немал дозвола, возел под дејство на алкохол и излетал од пат кај Кочани – лишено од слобода 24-годишно момче

Sasko Dimovski

Охрид останува надвор од Листата светски наследства во опасност – УНЕСКО даде рок од пет години за спроведување на препораките

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе