Вести Свет

Русија се надева дека САД нема да и испорачаат на Украина ракетни системи со долг дострел

Русија се надева дека САД нема да и испорачаат на Украина ракетни системи со долг дострел, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

– Оваа информација треба внимателно да се провери. Моментно, нашиот став го темелиме на изјавата на портпаролот на Пентагон, Џон Кирби дека не е донесена конечна одлука за ова прашање. Се надеваме дека здравиот разум ќе надвладее, истакна Антонов преку Телеграм каналот на руската амбасада, оценувајќи дека тоа би бил „провокативен чекор“.

Русија постојано ги предупредува САД преку дипломатски канали дека „невидената поплава од оружје во Украина значително ги зголеми ризиците од ескалација на конфликтот“.

– Американците се многу свесни дека нивните акции ги пролонгираат шансите за постигнување мир. САД се повеќе се вклучуваат во кризата во Украина, која може да има непредвидливи последици за глобалната безбедност, нагласи Антонов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе