Холандската авиокомпанија KLM објави дека до понеделник ќе ја прекине продажбата на билети за сите летови од аеродромот Шипхол во Амстердам поради метеж предизвикан од недостиг на персонал за обезбедување.
Редиците на Шипхол, третиот најфреквентен аеродром во Европа, се проширија на околните улици во последните недели. Патниците мора да чекаат со часови за да ја поминат безбедносната проверка, а многу од нив ги пропуштија и летовите поради тоа.
Портпаролката на KLM објави дека авиокомпанија ќе престане да продава билети до недела, бидејќи Шипхол не може да ги реши проблемите со недостиг на персонал за обезбедување.
Таа рече дека ограничувањето на продажбата на билети е неопходно за да можат оние кои ги пропуштиле летовите да стигнат до своите дестинации. KLM најави дека ќе им даде можност на патниците кои требаше да патуваат во следните три дена да ги променат своите билети за други летови.
Од аеродромот велат дека планираат да вработат дополнителен безбедносен персонал по летните одмори и дека работат со авиокомпаниите за да обезбеди подобро планирање на летовите во текот на најпрометните недели.
Од аеродромот додаваат дека се во преговори со синдикатите за повисоки плати на персоналот.
