Руското Министерство за одбрана вети дека ќе отвори два поморски коридори за да можат странските бродови да ги напуштат пристаништата во Црното и Азовското Море, објави Асошиејтед прес, цитирајќи го генералот Михаил Мизинцев, шеф на Националниот центар за управување со одбраната.
Коридорите ќе бидат отворени секој ден, од 8 до 19 часот по московско време, увери генералот. Еден од нив ќе биде од Мариупол.
Генералот Мизинцев рече дека во моментов во шест пристаништа, меѓу кои Одеса, Керсон и Николаев, има 70 странски бродови од 16 земји.
Претходно руската војска соопшти дека пристаништето Мариупол повторно е во функција по тримесечни борби и дека војската мора прво да го исчисти од мини.
Руската војска практично го блокираше трговскиот транспорт од украинските пристаништа, загрозувајќи ги резервите на храна бидејќи Украина, еден од најголемите светски производители на жито и сончогледово масло, не може да ги извезува своите земјоделски производи.
