Вести Свет

Рускиот амбасадор на ОН во Женева поднесе оставка – засрамен сум од војната во Украина

Рускиот амбасадор во ОН во Женева, Борис Бондарев поднесе оставка од функцијата, поради како што напишал во писмото, крвавите, бесмислени и апсолутно непотребните борби во Украина. Овој потег на Бондарев го прави највисокиот рангиран руски дипломат кој побегнал од Кремљ поради војната. Во оставката напишал, дека за време на својата 20-годишна кариера сведочел на бројни пресврти во надворешната политика, но никогаш вели не се засрамил од својата земја како на 24 февруари, кога Русија ја почна инвазијата. Бондарев не можел да ги издржи, како што пишува катастрофалните лаги и непрофесионализмот во руското министетрство за надворешни. Оставката ја потврди самиот Бондарев за западните новински агенции.

Тоа е поради моето несогласување и неодобрување на актуелната политика на руската влада и јас како руски дипломат повеќе не можам да се поврзувам со ова, вели БОРИС БОНДАРЕВ, ПОРАНЕШЕН ВЕТЕРАН ДИПЛОМАТ ВО ОН ВО ЖЕНЕВА

Бондарев е уверен дека неговото мислење го делат и другите дипломати, но едноставно мора да следат што ќе кажат надредените од Москва, а за извршените наредби никој не ги брани. Исто како што Кремљ не застана зад младиот руски 20-годишен војник, на кој денеска судот во Киев му досуди доживотен затвор за убиство невооружен цивил во Буча, само затоа што како што кажа пред судот не можел да го издржи притисокот да му се потсмеваат постарите војници. Украина продолжува да ги истражува воените злосторства, а според најновите податоци извршени се над 13 илјади. Уште 48 руски војници чекаат да излезат пред суд.

Војната во Украина влегува во четвртиот месец. Претседателот  Зеленски им се обрати и на лидерите на економскиот форум во Давос. Порача дека светот е на пресвртница и дека се потребни поостри санкции за Русија, како предупредување и за другите земји кои размислуваат да употребат брутална сила.

Не чекајте фатални истрели, не чекајте руска употреба на специјално оружје, хемиско, биолошко, не дај Боже, нуклеарно. Не оставајте впечаток на агресорот дека светот нема доволно да се спротивстави. Заштитете ја слободата и нормалното, кое е потребно за целиот мировен поредок во светот одеднаш до максимум. За тоа се потребни санкциите, порача  ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УКРАИНА

На истокот од Украина, руските сили со сите средства ги напаѓаат украинските упоришта. Но, според разузнавачките извештаи се повеќе руски војници се откажуваат од борбата. Проценките велат дека за овие три месеци во Украина загинале руски војници колку во Авганистан за девет години. Постигнување на неутрален статус на Украина и нејзино позиционирање како мост меѓу Русија и Европа би било иделаното решение за крај на војната, сметаат аналитичарите.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе