Вести Свет

Украина и Полска се договорија за заеднички царински проверки за да се олесни движењето на луѓе и стоки

Украина и Полска се договорија за заедничка царинска контрола и работат на формирање заедничка железничка компанија за да се олесни движењето на луѓето и да се зголеми извозниот потенцијал на Украина, објави Ројтерс.

„Полско-украинската граница мора да се обединува, а не да се дели“, рече полскиот претседател Анджеј Дуда во вчерашниот говор пред украинските пратеници, со што стана првиот странски лидер што зборуваше во Врховниот совет од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Зеленски ја опиша заедничката царинска контрола како „револуционерен“ потег.

„Ова значително ќе ги забрза царинските постапки“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање по посетата на Дуда. Според украинскиот претседател, овој чекор е и „почеток на интеграцијата на Украина во заедничкиот царински простор на Европската унија. Тоа е навистина историски процес“, пишува Укринформ.

Повеќето украински бегалци кои бегаат од војната влегле во Европската унија преку граничните премини со Полска, Словачка, Унгарија и Романија. Полска им даде право на повеќе од 3 милиони Украинци да живеат и работат на нејзина територија и да имаат корист од нејзиниот социјален систем, пишува Ројтерс.

Украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков рече дека двајцата соседи работат на олеснување на транспортот на стоки од Украина до Европската унија. Работиме и на формирање на заедничка железничка компанија за зголемување на извозниот потенцијал на украинската економија“, рече Кубраков.

Војната во Украина, која е еден од најголемите светски извозници на пченица и пченка, предизвика нагло зголемување на цените на овие стоки на меѓународните пазари.

Речиси 25 милиони тони жито се блокирани на нејзина територија поради инфраструктурни проблеми. Украина порано извезуваше најголем дел од својата стока преку своите поморски пристаништа, но по руската инвазија беше принудена да извезува со железница и преку своите мали пристаништа на Дунав.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе