Вести Свет

Зеленски: Во Донбас е пекол, се е уништено

Се интензивира војната на истокот од Украина. Во руското бомбардирање на синоќа загинале 13 луѓе, борбите се концентрирани во неколку места на граничната линија помеѓу регионите Луганск и Доњецк, каде според претседателот Зеленски се е уништено и е пекол.

Воените украински сили продолжуваат да го ослободуваат регионот Харкив, но во Донбас, окупаторите го засилуваат притисокот. Таму е пекол, без претерување. Брутално и апсолутно бесцелно бомбардирање на Северодоњецк, изјави ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УКРАИНА

Русија продолжува да напаѓа цивилни објекти, со намера да убие колку што е можно повеќе Украинци, обвини Зеленски. Но, Москва ги демантира овие обвинувања, а за да ја докаже добрата намера прикажа снимка од украинските војници кои се предадоа од челичарницата Азовстал, а потоа повредените беа пренесени во руските болници во Доњецк, каде добиваат третман.

Повеќето од пациентите се во сериозна состојба, речиси сите имаат повеќекратни скршеници со изместувања, на голем дел од пациентите им е потребна протетика, остеосинтеза, многумина имаат напреднати рани, соопшти НАТАЛИЈА, ГЛАВНА СЕСТРА ВО БОЛНИЦА

Киев се надева дека ќе ги размени овие украински војници со руските воени заробеници, но нивната судбина останува неизвесна. Властите во Москва одбиваат да кажат дали тие ќе бидат третирани како криминалци или заробеници. И покрај засиленото гранатирање, руските воени аналитичари велат дека војната во Украина ќе трае, а нивната војска бавно напредува бидејќи, како што велат – се борат против една од најсилните и најдобро опремените армии. Најавата дека во блиска иднина ситуацијата нема да се смири, е и најновиот указ со кој Зеленски ја продолжи вонредната состојба во земјата за 90 дена.

Во меѓувреме, Европа, веќе почна да го чувствува недостигот од храна, предизвикан од војната. Во силосите на украинското пристаниште во Црното Море заглавени се тони пченица и жито, а пристапот до нив го спречува Русија. Се заканува глад во светот, предупредија ОН, а цените на храната и енергенсите вртоглаво растат. Светската банка веќе подготви механизми за кризата која следува.

Банката објави дека во следните 15 месеци ќе стави на располагање вкупно 30 милијарди долари за да одговори на безбедносната криза што ја гледаме денес. Ова е навистина криза која ќе се влоши во споредба со кризата со цените на храната во 2007-2008 година, погодувајќи многу, многу сиромашни домаќинства, предупредува МАРТИЕН ВАН НИВКОП, ДИРЕКТОР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ХРАНА, СВЕТСКА БАНКА

 

Москва најави дека од 1 август може да понуди 25 милиони тони жито за извоз на загрозените земји, а за да ја тргне блокадата на украинското пристаниште Одеса на Западот му предлага да размисли за санкциите кои и се воведени и ја изолираат од светот.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе