Вести Свет

Столтенберг: Не е невообичаено да има различни мислења во НАТО, седнуваме и наоѓаме решение

Не е невообичаено членките на НАТО да имаат различни мислења, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, мислејќи на актуелното одбивање на Турција да го поддржи членството на Финска и Шведска во НАТО.

Не е невообичаено во НАТО да има различни мислења за важни одлуки. Кога има различни мислења, имаме големо искуство со тоа, седнуваме и наоѓаме решение, изјави Столтенберг за новинарите за време на посетата на Копенхаген.

Ние сме во близок контакт со Финска, Шведска и Турција. Работиме на причините за загриженоста изразена од Турција, додаде тој. Столтенберг  нагласи дека верува во „брза одлука“ за прием на двете земји во НАТО.

Шведска и Финска во средата ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО. Турција се спротивстави, обвинувајќи ги дека двете земји дека кријат и финансираат „терористи“, како и дека ги снабдуваат со оружје, зборувајќи за милитантната Курдската работничка партија (ПКК) и сириската курдска милиција (ИПГ), за кои тврди дека се тесно поврзани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе