Вести Македонија Најважни

МПЦ – ОА: Разговорите со СПЦ продолжуваат се до признавањето на афтокефалноста на нашата црква

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија по денешната воредна седница изрази најсрдечна благодарност на Вселенскиот партијарх г.г. Вартоломеј за Патријаршискиот и Синодален акт за признавање на каноничноста на нашата црква.

Тоа значи дека отсега сослужувањето со останатите православни цркви свешетството ќе ги држи како Македонска православна црква.

По денешната вонредна седница на Синодот соопшти дека разговорите со Српската православна црква се додека не се дојде до конечно решение односно афеткефален статус на македонската православна црква – ОА. Меѓутоа кои чекори ќе ги превземе македонската црква засега не се открива

Викендов во Ниш се одржала средба меѓу македонската и српеската православна црква, а српскиот Епископ Фотија, кој присуствувал на средбата, изрази надеж дека МПЦ ќе се врати во канонско единство со српската праволсвна црква до крајот на овој месец

Владиката Тимотеј соопшти во разговорите ќе бидат многу внимателни.

Експертите сметаат дека со последната одлука Вселенската патријаршија го префрла спорот во дворот на СПЦ.

Се очекува и потегот на официјална Софија по бурната реакција на Бугарската православна црква и дали одлуката на Цариградската патријаршија може да влијае на ветото.

По 55 години вчера беше призната каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и со тоа афтокефалноста на црквата е чекор поблиску а клучна  пречка останува управниот спор со СПЦ.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата отвара пат за влез на КСС во економско социјалниот совет

Дејан Дејан

Намалување на царините за 67 стоки, меѓу нив и литиум-јонски батерии

Дејан Дејан

Драматичен пресврт на изборите во Полска –  десничарот Навроцки нов претседател на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе