Вести Македонија Свет

Владимиров: Скопје ги исполнува условите за преговори, во Копенхашките критериуми нема билатерални спорови

Бугарскиот аналитичар и експерт за Балканот Владимир Владимиров, пак, посочува дека аплицирањето за членство во Европската Унија е јасно опишано во Копенхашките критериуми и таму се посочени фундаменталните принципи на Унијата.

– Тоа се владеење на правото, слободата на медиумите, слободата на изразување и така натаму. Во  Копенхашките критериуми нема билатерални спорови. Северна Македонија ги исполнува критериумите за почеток на преговори. И поради оваа причина, ветото на Бугарија не е многу правно издржано. Во процесот на преговори за членство во НАТО, нашите сојузници и соседи од Турција не ни поставија услови да се откажеме од Шипченската епопеја. Тие го прифатија нашето и нивното читање на историјата. Малку подоцна, кога станавме членки на Европската Унија, нашите сојузници и пријатели од Грција не ни поставија услов да напишеме во бугарските учебници дека нашата азбука и христијанството потекнуваат од нив. Нашите соседи се однесуваа европски. Истите очекувања се и од  Бугарија. Според новите правила на Европската Унија, Република Северна Македонија ќе има многу долг процес на пристапување, кој може да потрае 7-8 години“.

Во овој период, вели Владимиров, може да се решат сите билатерални спорови.

– Европската унија има потенцијал да стане гарант за решавање на нашите проблеми со Северна Македонија, смета Владимир Владимиров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе